Германците бараат 170.000 сезонски работници : еве колку плаќаат за еден час берење јагоди
Поради недостиг на работна сила на германските фарми, земјоделските здруженија на таа земја од германската сојузна влада бараат да го продолжи договорот за сезонци од земјите од западен Балкан.
Имено, како што наведуваат здруженијата во дописот до Сојузното министерство за земјоделство, во Германија моментално на сила е посебен договор со земјите од западен Балкан, кој овозможува ангажирање сезонци на германски фарми, но тој истекува 2020 година, поради што бараат продолжување, пренесеоа Независне новине.
Како што истакнуваат германските медиуми, се помалку германски државјани сакаат да работат тешки работи во земјоделието, поради што секоја година потребно е да се ангажираат околу 170.000 сезонски работници.
Според пишувањата, земјоделците кои одгледуваат јагоди и малини на сезонските работници им плаќаат 8,84 евра на час, кои вклучуваат храна и сместување.