fbpx
ВестиСовети

Без механичка обработка на земјиштето, веќе 27 години успешно сее соја и пченка

Рожерио Фереира Пачеко (Rogério Ferreira Pacheco), еден од најпродуктивните фармери во Бразил, раскажува како остварува константен род на соја и пченка благодарение на но-тил (no-till) концептот.

Рожерио Фереира Пачеко е еден од петте најпродуктивни земјоделци во Бразил. Со земјоделство се занимава од 1985 година, а но-тил технологијата ја користи од 1991. Но-тил земјоделие или директно сеење на земјоделски култури е земјоделие без претходна обработка на замјиштето – без орање. Има 1000 хектари соја на глинeно земјиште и секоја година ја подигнува границата на приносите, благодарение на регенеративниот концепт на обработка.

„Се одлучив на ваков пристап, бидејќи така можам да ги контролирам трошоците, а го намалив и бројот на работници. Исто така, ерозијата е многу изразена во ова подрачје, па решението е но-тил“, вели Пачеко.

27 години без механичка обработка

Се разбира, не беше без проблеми на почетокот. Првенствено тоа се однесува на механизацијата, бидејќи беше прешање како да се сее на огромна биомаса – слама. Потоа, следуваше недоумица како да се ѓубри истото, а на самиот крај и прашањето за прецизноста на посевот. „После 27 години, тие проблеми веќе ги нема, благодарение на одличните сеалки со кои сум опремен. Сето тоа време не вршев механичка обработка“, раскажува бразилецот. Последица на тоа е зголемување од 2.5% на 3.6% органски род во слој од 0 до 15 метри. Земјиштето задржува повеќе влажност, билките имаа посилен корен и растат поинтензивно.

Максималниот принос на соја – 6.47 тони

Кога станува збор  за технологијата на сеење соја, Пачеко вели дека длабочината на поставување на семето е три сантиметри, при брзина од околу 5.5 км/час: „При сеидба одам на 150 кг 00-00-60. Од ѓубриво, во сеидбата внесувам 250 кг 04-28-12 и тоа под зоната на поставување семиња. Работам по технологија на додавање азотно ѓубриво според мапи“. Просечниот принос на соја во последните пет години изнесува 5.1 тони по хектар, а максималниот беше 6.47, во симбиоза со „cover crop“ сеидбите.

Просечниот принос на пченка е 13.8 тони

Пачеко сее и пченка, а просечниот род во последните пет години е 13.8 тони суво зрно по хектар. Длабочината на посевот е три сантиметри, а просечната брзина на работа е 4.5 км/час до 6 км/час. „Пред сеидба одам на 150 кг 00-00-60. Во сеидба внесувам 350 кг 12-24-12. Пет сантиметри под семето, не покрај него. Целта ми е да додадам околу 85 кг П-ѓубриво“, објаснува земјоделецот. Додава и дека во подоцнежните фази врши прихрана со вкупно 450 кг 45-00-00 во три фази V5, V8 и V11. Работи и на концепт со подоцни прихрани, со помош на прецизно земједелие (мапи, сензори, телеметрија, авто-пилот) и автомоатски распрскувач. Нормата на азотот за приносот е околу 200 кг по хектар.

„Покрај трошоците за ѓубриво, просечната потрошувачка на дизел гориво по хектар изнесува околу 32 литри, со вклучена жетва. Вршам обработка со валјак, сеидба, четири прихрани, три заштити и жетва. Додавам околу 900 кг ѓубриво и семиња околу 60.000 билки по хектар. Од човечки ресурси, ангажирани се вкупно четворица на 2.500 хектари“, раскажува Пачеко за трошоците.

Трпение и планирање

Земјоделецот од Бразил вели дека, предностите на „но-тил“ се во тоа што се штеди на гориво, помали се трошоците за работници, повисока е биолошката активност во земјиштето и поголема е продуктивноста. Порачува дека нема мани, само потребно е повеќе планирање, како и квалитетно знаење. Напоменува и дека, успешниот но-тил зависи од „cover crop“ сеидбите.

„Кој има можност и достапна технологија, нека започне со „cover crop“ сеидбите. Бидете трпеливи и внимателно планирајте го навлегувањето во „но-тил“, секако во консултација со луѓе кои имаат знаење“, завршува Пачеко.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close