Во средината на месецот се започнува со жетвата на јачменот.
Кај пченицата треба да се продолжи со мониторинг на појава и развој на прашкаста мувла и напад од инсекти и по потреба треба да се третира со соодветни фунгициди и инсектициди.
Овесот потребно е да се следи заради појава на житна пијавица и по потреба да се третира со соодветни регистрирани за таа цел препарати.
Кај компирот продолжува борбата против компировата златица. Во овој период започнува бербата на раните сорти компир.