Вести
Наскоро ќе биде познато дали има ефект од земјоделските субвенции
Наскоро ќе биде познато дали има ефект субвенционирањето на земјоделието од страна на актуелната, но и претходната власт во Македонија.
Резултатите од контролите што ги правеа независните експертски тимови од ЕУ во врска со досегашниот ефект од земјоделските субвенции се очекуваат за еден до 1,5 месец.
Истото го потврди директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски. За оваа година предвидени е исплата на шест милијарди денари исплата на субвенции за фармерите.
Искористеноста на субвенциите за 2017-та е 97 отсто или се исплатени 5,902 милијарди денари. Претходната година, пак, 2016-та, реализацијата на субвенциите беше 99 отсто