fbpx
Вести

Во државните резерви ќе завршат 12.000 тони пченица, наскоро тендер

Годинава се очекува поголемо производство од лани или околу 300.000 тони пченица, со просечни приноси од 3.000 до 4.000 тони по хектар.

Агенцијата за стокови од следната недела да ја започне постапката за објавување на јавен оглас за откуп на домашна пченица за потребите на резервите, во количина од 12.000 тони домашна пченица, сугерираше Комитетот за земјоделство и безбедност на храна.

Според членовите на Комитетот, на овој начин ќе се мотивираат мелничарите да откупуваат домашна пченица која што потоа ќе ја продадат на Агенцијата за стокови резерви, а воедно ќе се влијае и да се постигне солидна откупна цена на домашното жито.

Годинава, според проценките на Комитетот, се очекува поголемо производство од лани или околу 300.000 тони пченица, со просечни приноси од 3.000 до 4.000 тони по хектар.

Комитетот , како што е соопштено,  дискутирал и за состојбите со производството на праски и преземени  активности и мерки за надминување на можни проблеми со пласман на праските како и за состојбата со житопроизводството.


 

плусинфо

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close