Климатските промени ги зголемија трошоците за производтсво
Градот минатата недела уништи 70% од лозовите насади во неготинскиот регион. Да имаа земјоделците заштитни мрежи, штетите немаше да бидат толкави. Ваква мрежа за еден хектар лозов насад чини 12.000 евра. Овие пари лозарите ги немаат, затоа бараат Владата да даде посилна поддршка на земјоделците да се заштитат од климатските промени кои го поскапуваат производството. Засега за ваква заштита има само европски пари кои се потешко достапни. Откупните цени се се пониски, ако државата не помогне, во прашање се доведува натамошното производство на храна во земјава.
– Земјоделците имаат проблем со пласманот на речиси сите производи, од почетокот на годината со зелката, потоа со јагнето, сега на ред е пченицата, ќе следат јаболкото, градинарските култури, кај сите земјоделски култури. Млекото веќе неколку години се откупува по многу пониска цена за 17- 18 денари. Ситуацијата ни е алармантна. Ако не преземеме подрастични чекори и на размислуваме во иднина како да го зачуваме нашето земјоделство се плашам дека веќе ќе нема кој да произведува храна, изјави Васка Мојсовска, претседател на Национална федерација на фармери. .
Проблемите на земјоделците можат да се решат само ако доследно се почитуваат законите, да се склучуваат договори за да се знае колку ќе се произведува и по која цена.
– Само на тој начин државата може да ја подобри климата во која опстојуваме. Ние да се бориме на глобалните пазари со производи кои веќе се берзански е многу тешко, но да го заштитиме нашиот земјоделец согласно законот и да му понудиме дополнителна заштита како Влад, здружение на земјоделци и национална федерација треба да биде наш заеднички интерс за да ги задржиме младите и да опстои руралната средина, вели Стеван Орозовиќ, извршен директор на Националната федерација на фармери.
Во повеќе региони во земјав земјодлество е основна дејност, а неговото учество во вкупниот БДП изнесува околу 12%