Проценката на штетите во овчеполско ќе почне во понеделник
Комисија за проценки на штетите од невремето што завчера го погоди овчеполскиот регион од понеделник ќе излезе на терен и ќе врши проценки.
Градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски за МИА вели дека комисијата има три тима, кои треба да ги посетат атарите на селата Црнилиште, Пеширово, Амзабегово, Кнежје, Гурубинци и Ерџелија и околу градот Свети Николе.
Земјоделците пријавиле штети на житните култури, лозовите насади, бостан, тутун и на другите земјоделски култури.
– Комисијата на терен ќе излезе во понеделник. Земјоделците пријавија штети на земјоделските култури, но има и материјални штети и на домовите и фармите, вели Велковски.
Според проценките штетите има на сите земјоделски култури, а над 5.000 хекатри во овчеполскиот регион.