fbpx
Без категорија

17 тони македонски домат со штетник откриен во Калининград

Земјоделската инспеција на руската енклава Калининград при фито-санитарна контрола пронајде 17 тони свеж домат по потекло од Македонија. Како резултат на инспекцијата на карантински производи, бил откриен јужноамериканскиот доматен молец.

Јужноамерикански доматен молец е опасен штетник на растителни култури на отворен терен и кои активно се шири во Јужна Америка, Европа и земјите од Медитеранот.

Главната штетност се манифестира на доматите, односно на листот, стебла и на самиот плод. Како резултат на овие штетници, може да направи штета на плодот и на бербата од 35 до 100%.

Државниот инспекторат за земјоделство потврди дека доматите се вратени од Русија.

„Ве информираме дека на ден 11.06.2018 година на ГП Табановце пристигната е пратка од домати, повраток од Руска федерација поради утврдено присуство на штетниот организам Tuta absoluta. Овој штетен организам спаѓа во Листата на карантински штетни организми на Руската Федерација (сеуште не е утврдено негово присуство во Руската Федерација), додека согласно Македонските листи на штетни организми овој штетен организам е класифициран како економски штетник (штетник кој е распространет на територија на РМ).  Со цел спречување на ширењето на овој штетник на територијата на Русија, пратката е вратена во Република Македонија.

По пристигнувањето во РМ, земена е мостра од фитосанитарен инспектор, истата е испратена до Државната фитосанитарна лабораторија, а до добивање на резултатите пратката е задржана под надзор. Само за информација, секоја земја своите карантински листи на штетни организми ги подготвува согласно присутноста на штетните организми во земјата, и тие што ги нема во одредена земја истата се произнесува дека се карантински и се труди да спречи нивно внесување на нејзина територија. Сепак станува збор за штетник кој не е опасен по здравјето на луѓето, туку влијае врз намалување на производството на земјоделските производи“.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close