Вести
Продажба на земјоделско земјиште за изградба на расадници
Во Богданци се нудат 4 хектари државно земјоделско земјиште за изградба на расадник за градинарски култури.
На огласот можат да се јават домашни и странски, физички и правни лица.
Во бизнис планот понудувачите треба да предвидат изградба на оранжерија за производство на сертифициран саден материјал за градинарски култури со производство од најмалку 20 милиони садници годишно.
Инвестицијата треба да се направи за 4 години со минимално вложување од 1.200.000 евра.
Изборот на најповелен понудувач е по пат на електронско јавно наддавање и врз основа на највисоко понудена деветмесечна закупнина по хектар, а почетната цена за хектар изнесува 490 евра.
Пријавените на огласот треба да достават и банкарска гаранција.