Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги известува сите заинтересирани, дека Јавниот оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари во регионот на Свети Николе, трае петок оваа недела, односно до 29.06.2018. Станува збор за дел од земјиштето кое беше во сопственост на поранешниот агрокомбинат Џумајлија.
Понудите доставени по овој јавен оглас ќе бидат јавно отворени на 02.07.2018 година, понеделник, во големата сала за состаноци во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ул. Аминта Трети бр.2 Скопје, со почеток од 10 часот.
Со јавниот оглас се опфатени 907 хектари, поделени во 10 блока. За разлика од претходните огласи, кога имаше дополнителни услови во однос на предвидена инвестиција и со рокот за изведба на инвестицијата, сега во овој оглас не се предвидени дополнителни услуги, со што се релаксираат условите за учество.
Намената за која што се дава земјоделското земјиште е подигање на долгодишни насади со лозје, овоштарници и хмељ, оранжерии, долгодишни насади со лешник, маслинарници, ливади, рибници, спортско-рекреативни активности и рурален туризам и одгледување на други земјоделски култури
Овие 10 болка, се дел од третата од 4-те географски целини за овој регион. Во следниот период за четвртата целина ќе се објави јавен оглас за оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари или околу 600 хектари, со цел и помалите земјоделци од светиниколскиот регион да дојдат до парче земја.