fbpx
ВестиТоп вести

Собранието ги донесе измените, се продолжува рокот за приватизација на земјиштето

Собранието ги донесе измените на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост. Се пролонгира рокот за поднесување на барање за приватизација на земјиштето до 31.12.2021 година. Осум дена по објавувањето на измените на Законот во Службен весник, граѓаните повторно ќе можат да поднесуваат барања за приватизација на земјиште во државна сопственост.

Рокот за поднесување на барања истече на 15 декември 2014 година. Од тој датум досега не можеа да се поднесуваат барања за приватизација.

Со овој закон се излегува во пресрет на граѓаните и нивните барања. Продолжувањето на рокот е резултат на реакции од граѓани кои не успеале да поднесуват барање за приватизација во изминатиот период.

Согласно ова, се одложува и примената на одредбите од Законот кои се однесуваат на воспоставување закуп на градежно земјиште кое не е приватизирано.

Воедно се пролонгира рокот за поднесување пријава за промена од корисничко право во право на сопственост пред Агенцијата за катастар на недвижности. Рокот за ова барање се пролонгира до 31 декември 2022 година.

Сите измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост се во насока на подобрување на услугите на Министерството за финансии како сервис на граѓаните.


 

бизнисвести

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close