Има криза со откупот на бостанот, земјоделците бесни на Министерството за земјоделие
Производителите на бостан загрижени поради достигнатата ниска цена на бостанот.
Тој овие денови се продава по само 5 денари за килограм што е исклучително ниска цена ако се знае дека тоа не ги покрива минимум трошоците за производство на овој земјоделски производ.
Дополнително грижата е уште поголема ако се знае дека се откупени само 30 отсто од бостанот и таа цена ќе паѓа засилено наредниот период.
Досега нема никаква реакција од Министерството за земјоделие и министерот Љупчо Николовски кон кого се насочени земјоделските барања за интервенција во откупната цена и зголемена поддршка.
Но засега нема слух за земјоделските барања. Стојан Петрески од струмичко кој е долгогодишен производител на бостан изјавува дека бостанот наместо на трпеза заврши во реките, владата нема никаков слух.
-15 години садам бостан, како што е оваа година лошо, никогаш не било порано. 5 денари е потценувачка цена, не стига ниту за основните трошоци на крај поисплатлив ќе ни биде да го фрлиме во река, вели земјоделецот Петрески.
Најпогоден регион е струмичкиот, струмичкото поле, Босилево, Василево, Ново село, но со истиот проблем го има и во другите делови од државатакаде има насадено бостан.
Земјоделците најавуваат порадикални мерки доколку нема брза реакција од владата.