Вести
Шилегов: Нема да има компромис со нелегалните продавачи
Нема да има компромис со нелегалните продавачи и со оние кои сакаат да продаваат овошје и зеленчук директно од нивните камиони. Според најавите од Град Скопје, социјалните лица на територијата на градот кои се занимаваат со земјоделство, нивните производи би можеле да ги продаваат на бесплатни тезги што ќе ги обезбедат преку АД”Скопски пазар”.
На редовната седница на Советот на Град Скопје за советнички прашања, Шилегов одговараше и на други теми, а меѓу другото најави и дека мотоциклистите наскоро мора да плаќаат паркинг и ќе нема да смее да се паркираат на улиците или тротоарите.