Пченката и сојата што се увезуваат од САД претставуваат вистинска опасност за рускиот потрошувач, соопшти Федералната служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола (Россељхознадзор).
Русија на 15 февруари ќе воведе забрана за увоз на пченка и соја од САД поради кршење на фитосанитарните норми, пренесува „
Интерфакс“.
Раководителот на „Росељхознадзор“ Сергеј Данкверт по преговорите со американските стручњаци одржани во вторникот вечерта му наложи на својот ресор да подготви документ за забрана на увоз на пченка и соја од 15 февруари.
„Производите кои се увезуваат од САД претставуваат вистинска опасност за Руската Федерација, а гаранциите кои ги нудат САД не се соодветни, затоа го задржуваме правото привремено да го ограничиме увозот на американска соја и пченка“, изјави портпаролот на „Росељхознадзор“ Алексеј Алексеенко.