fbpx
Вести

Почнаа жетвените активности во Дебарско

Во Дебарско почнаа жетвените работи и според првичните информации, земјоделците може да бидат задоволни од приносите по единица хектар.

– Иако е суште рано да се зборува бидејќи сме на самиот почеток на  жетвата, сепак, очекуваме земјоделците да остварат добри приноси. Од досега ожнеатите 10-на хектари приносите се 2.000 – 3.000 килограми по единица хектар, изјави Арбен Муладаути, овластен раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство.

Земјоделците од општините Дебар и Центар Жупа треба да ожнеат 400 хектари од кои 150 со јачмен, 80 со пченица и 65 со тритикале. Остнатите површини се под `рж и овес.


 

сител

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close