fbpx
ВестиСовети

Од капини, малини и јагоди – може да се живее!

Земјоделското семејство на Иван Чуковиќ од Голема Лудина, со финансиски средства од Програмата за рурален развој, мерка 4.1.1, го проширило произзводството на бобичасто овошје на 6 хектари и набавило дел од потребната механизација. Семејството вели, дека за производство на овошје и десертни вина, потребни се многу работа и труд, но од тоа може солидно да се живее.

На подрачјето на Општина Голема Лудина во Мославија, развиени се овоштарството и лозарството. Под овошни насади се наоѓаат околу 300, а под лозови 250 хектари. Помеѓу успешните овоштари и лозари е земјоделското семејство на Иван Чуковиќ, кое е познато по производство и преработка на бобичаасто овошје.

„Во осумдесеттите години, заедно со сопругата Нада, први на ова подрачје започнавме да садиме и одгледуваме бобичасто (топчесто) овошје, најпрво капини, а потоа малини и потоа проширивме со јогади. Сопругата беше неврботена и тоа за нас претставуваше значаен дополнителен извор на приходи“, ја започнува  својата приказна за почетоците и развојот на семејното земјоделство, таткото на Иван, Златко Чуковиќ, кој и сега, како пензионер, многу помага во плантажите и винаријата, затоа што како што вели, при производството на бобичасто овошје има многу работа.

Имаат 6 хектари под бобичасто овошје

Бербата на јагодите кои ги одгледуваат под пластеници е завршена порано, а веќе забрзано се подготвуваат за садење на новиот насад од јагоди, со кој наскоро ќе започнат. На него ќе ја пренесат пластеничката конструкција од блиската плантажа, за која, велат го даде својот род. На две години ја менуваат локацијата и користат нови насади со јагоди.

Трактори и приклучна механизација набавиле со помош на средства од европските фондови

„Имаме 10 хектари земја, а под бобичасто овошје имаме околу 6 хектари. Најмногу имаме капини – околу 3 хектари, јагоди имаме 0,75 хектари, боровинки 0,6 хектари и малини 0,7 хектари и помала површина лозови насади. Планираме да ги прошириме производните површини под бобичасто овошје, можеби ќе посадиме уште боровинки, но не интересира и нешто ново, нешто што би можело да се пласира во свежа состојба или некое овошје од кое би произведувале и сокови…ќе видиме како ќе биде“, вели 30 годишниот Иван, кој останал на семејното земјоделство кое со години го ширеле и развивале, неговите родители.

Парите од ЕУ – голем ветер во грб

Голем ветер во грб за нивниот посед се парите кои ги добиле, преку мерката 4.1.1 од Програмата за рурален развој – „Реструктурирање, модернизација и зголемување на конкурентноста на земјоделските стопанства“. Станува збор за 863 илјади куни неповратни средства, од кои 90 % од Европскиот земјоделски фонд и 10% од буџетот на Република Хрватска. Според програмата, која во целост веќе ја реализирале, семејството Чуковиќ набавиле нов овоштарски трактор, приклучоците кои им недостасувале, а го финансирале и садењето на нови насади со капини и боровинки…

„Овие пари многу ни помогнаа во проширувањето и модернизацијата на нашето стопанство, тракторот и додатоците ќе ни овозможат лесна и брза обработка и спроведување на други агротехнички мерки, а новите насади кои ги финансиравме со дел од европските пари, ќе ни овозможат поголемо и разновидно производство“, вели Иван.

Бербата на малините веќе ја привршуваат. Над малините имаат поставено пластеник, затоа што во него порано дозреваат, со што постигнуваат и подобра цена, помалку ги напаѓаат болести, помали се трошоците за заштита, претставуваат добра заштита од градот, а и полесно е да се работи во такви покриени насади, затоа што работата не зависи од временските услови (режење, берба и други агротехнички мерки).

Посигурно производство на малини под пластеници

Кај сите видови бобичасто овошје, Чуковиќи одат на повеќе сорти кои не зреат во исто време, со цел колку – толку да ја продолжат сезоната на продажба на плодовите во свежа состојба. Истовремено и експериментираат, сакајќи да најдат родови и видови со најквалитетни плодови.

6 хектари под насад од бобичасто овошје

„Така е во нашиот малинак. Имаме и рани и доцни сорти, се обидуваме и констатираме кои се подобри за продажба во свежа состојба, кои за производство на вина, се обидуваме да најдеме слатки и квалитетни малини“, вели Иван.

Најмногу овошје во свежа состојба продаваат на пазарот во Загреб, а дел од капините, малините и јагодите, ги преработуваат во десертни вина во својата винарија, која ја изградиле низ годините. Од грозјето од својот мал лозов насад, произведуваат и квалитетно кралско вино Савињон (sauvignon-semillon), кое при оценувањето на вината било наградено со златен медал и шампионска титула.

Многу работа, но и добри приходи

Иван вели, дека на шест хектари бобичасто овошје имаат многу работа, затоа што тоа бара и многу рачна обработка, така што во сезоната на овошјето, ова вредно семејство работи од утро до мрак.

„Најголемата работа ја работиме татко ми Златко, мајка ми Нада и јас, но ни помагаат и сестра ми и зет ми. Во последно време, се поголем проблем е недостатокот на сезонска работна сила, затоа што многу од оние кои сакаат да работат, заминаа во потрага по „леб за стомак“, а од оние малкумина кои останале, се потешко е да се најдат луѓе кои сакаат да работат земјоделие.

Јас како млад човек останав на семејното земјоделско стопанство, кое со упорна работа и вложувања, низ годините го создавале моите родители. И покрај големата работа и обврските, задоволен сум, затоа што ова наше производство е добар извор на приходи, семејството од тоа може добро да живее“, вели Иван, кој не е земјоделец по струка, но низ учество на многу работилници, обуки и предавања, постојано се образува и усовршува како овоштар и винар.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close