Јавниот оглас за набавка на 13.000 тони домашна печница за стокови резерви ќе трае до 15-ти август
До 15 ти август е отворен јавниот оглас на Агенцијата за стокови резерви за набавка на домашна меркантилна за потребите на стоковите резерви. Јавниот оглас се објави пред два дена. Со огласот е предвидено откуп на вкупно 13.000 тони домашна пченица. Конкретно распишани се 10 лота по 100 тони и 3 лота по 4.000 тони пченица. По завршувањето јавниот оглас, мелничарите ќе можат да ја понудат откупената пченица од домашните производители на Агенцијата за стокови резерви.
Оваа мерка која што произлезе како предлог од досегашните одржани состоноци пред почетокот на жетвата со земјоделците и мелничарите, ќе придонесе за зголемување на откупот на домашна пченица, како и за постигнување повисока откупна цена.
Паралелно, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство ги разгледува опциите за можни интеврентни измени на Програмата за директни плаќања 2018, во скалестиот начин на субвенции за полјоделските култури, а пред се за пченицата.
Жетвата на пченицата започна деновиве, екипите од МЗШВ ги следат приносите и квалитетот, врз основа на што деновиве ќе биде објавена производната цена на годинешната пченица. МЗШВ ќе ја исполни оваа обрска не само за пченицата туку и за останатите земјоделски култури.
Откупната цена на јачменот достигна 9 денари за килограм јачмен.