Продолжен рокот за јавниот конкурс за давател на јавни услуги, спроведување на мерки и активности од ЗОПОД
Врз основа на член 60–б од Законот за сточарството (,,Службен весник на Р.М” бр. 07/08, 116/10, 23/13, 149/15 и 39/16), а во согласност со дел I мерка 6 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година (,,Службен весник на Р.М”бр.17/18, 62/18 и 100/18) Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство обjавува:
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Во дел I од Јавниот конкурс за давател на јавните услуги – спроведување на мерки и активности од ЗОПОД и развојно истражувачки задачи од подрачјето на изведување на програмите за одгледување за потребите на ЗОПОД за 2018 година зборовите ,, трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување, нерачунајќи ги деновите од државен празник“, се менуваат и гласат „трае до 12.07.2018 година (четврток) вклучувајќи го и 12.07.2018 година“.