Регулирање на коритото на Црна Река е еден од петте нови регионални проекти во Пелагонискиот регион
Министерството за локална самоуправа во Владата на Република Македонија и Центарот за развој на Пелагониски плански регион потпишаа договори за реализација на нови регионални проекти во Пелагонискиот регион.
Гого Видимче, директор на Центарот за Пелагониски плански регион за потпишаните договори вели:
– Центарот за Пелагониски плански регион во идниот период ќе реализира уште пет нови проекти со вкупна вредност од 23.268.492 денари. Проектите се финансирани во рамките на Програмата рамномерен регионален развој за 2018 година финансирани од страна на Министерството за локална самоуправа на Република Македонија, преку Бирото за регионален развој на РМ, а сето тоа е согласно Одлуката за приоритетна листа на проекти на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион Центарот за развој на Пелагониски плански регион во 2018 година.
Оваа година од страна на Центарот за Пелагониски плански регион ќе бидат имплементирани следните проекти:
-Заштита на животната средина и туристичките потенцијали во Пелагонискиот плански регион преку набавка на возила за собирање на комунален отпад (општините Крушево, Демир Хисар),
-Јакнење на капацитетите на територијалните противпожарни единици во Пелагонискиот регион (општините Битола, Прилеп, Ресен),
-Подобрување на регионалните услуги преку опремување на простории во административна зграда во село Ропотово – Општина Долнени,
-Подобрување на регионалната поврзаност во Пелагонискиот регион преку реконструкција на општински пат од Пашино Рувци до регионален пат Р-2339 (општина Кривогаштани),
-Регулирање на коритото на Црна Река и нејзините притоки по течението на општините Могила, Новаци, Битола и Демир Хисар (четврта фаза).