fbpx
ВестиСовети

Подготовка на лукот за чување во текот на зимата

Лукот е здрав зеленчук, кој многумина го одгледуваат. За да може, што подолго да се зачуваат главиците, потребно е да се знае кога да се извади лукот и како да се чува.

Во секоја градина можеме да најдеме лук. Оваа зеленчукова врста, популарноста ја должи на својата голема лековитост за човечкиот организам, но лукот е лековит и за многу градинарски култури. Колку повеќе лукови има во градината, толку растенијата кои се одгледуваат таму, се поздрави.

За чување во текот на зимата изберете здрави главици

Главиците на лукот се вадат од земјата во почетната фаза на налегнување.  Најдобро е вадењето на главиците да се изврши за време на топли и сончеви денови. За време на премногу влажните години, на главиците на лукот им претстои опасност од распаѓање.

Премногу налегнатите растенија, за време на врнежливите лета, продолжуваат со вегетацијата. Поради големата влага, многу брзо доаѓа до одделување на чешнињата и појава на „цветање на главиците“. Ваквите лукови главици, подложни се на гниење и брзо пропаѓање во текот на чувањето, а лукот во ваква состојба нема пазарна вредност.

Во зависност од видот, условите за одгледување и состојбата на насадите, се одредува и терминот во кој лукот треба да се извади. Зимските видови се вадат во почетокот на јули, додека пролетните на крајот на јули. Периодот на чување, исто така зависи од видот. Зимскиот лук се сади во текот на есента и добро се чува до тој период, односно може да биде добро зачуван од вадењето до терминот за садење. Пролетниот лук, се сади во текот на пролетта и може да биде добро зачуван до пролетниот термин за садење. Зимскиот лук, добро се чува 5 – 6 месеци, а должината на чувањето на пролетниот лук е поголема и изнесува околу 10 месеци. Главиците не треба да бидат презреани, со цел да не се дозволи нивно паѓање од обвивката, затоа што чешнињата брзо пропаѓаат кога не се во обвивката и кога се одделени од коренот (дното) на главицата.

После вадењето од земјата главиците, потребно е да се исчистат од земјата, сувите лисја и корења. Надземниот дел од растението се скратува над главицата во должина од 1,5 до 2 см, а коренот се скратува во должина од 1 до 1,5 см.

Извадените главици потребно е добро да се исушат. Тоа е посебно важно за врнежливите години. Главиците кои остануваат влажни, многу побрзо и полесно подлежат на процесите на расипување и скапување.

За садење, дделете ги големите и здрави главици и чувајте ги посебно.

 

 

Услови за чување

 

После чистењето и сушењето, лукот може да се чува на температура од 16 до 20°C. Таа е оптимална температура за краток период на чување. Доколку сакаме, главиците подолго да ги чуваме, температурата треба да биде од 2 до 4 °C.

Во текот на чувањето, влажноста треба да биде ниска, затоа што во влажните складишта, се забрзува процесот на пропаѓање на главиците. За зачувување на главиците, најзначајни фактори се:

  • Главиците да се здрави, без симптоми на распаѓање и други болести
  • Главиците да се исчистени и исушени
  • Во просторот каде што се складирани, да нема варијации на температурата и
  • Влажноста да не биде превисока.

Во домашни услови, главиците, најпрактично е да се чуваат во дрвени гајби, корпи или платнени вреќи во плиток слој. Гајбите, корпите и вреќите, треба да бидат меѓусебно оддалечени, со што би се овозможило добро движење (циркулирање) на воздухот.

Доколку сакаме лукот да го чуваме во исплетени плетенки, тогаш потребно е во периодот на чистење да не го скратуваме надземниот дел на растението, туку само да го исчистиме од непотребните лисја. Освен во плетенки, лукот може да се чува и во снопови и да се обеси на место каде што има воздух.

Неисчистените главици лук, можеме да ги чуваме во стерилизирани тегли или пак набрашнати (истркалани во брашно). Главиците можеме да ги чуваме во сол, на тој начин што, во теглата се става слој сол, слој главици, така се до врвот, додека не се наполни теглата.

Парчињата од лукот (чешнињата) кои поради влага или презреаност паднале од обвивката, можеме да ги чуваме во масло и да ги искористиме за подготовка на зимница или да ги закиселиме.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close