fbpx
Вести

Овоштарите од Преспа бараат враќање на градобијната заштита

Последното невреме проследено со град уништи околу 80% од јаболковите насади во Преспа. Најпогодено беше селото Јанковец, каде градот по третпат ги погоди јаболката. Овоштарите од Преспа бараат да се врати заштитата од град. Велат дека климатските промени и глобалното затоплување го зеле својот данок, особено последните 7-8 години откако нема градобијна заштита.

– Откако е стопирана градобијната заштита оставени сме на милост и на немилост. Прво е градобијната заштита, после тоа се мрежите, па осигурувањето итн. Секој земјоделец тогаш ќе може да планира. Ние едноставно немаме друг излез. Економски сме исцрпени бидејќи и минатите години имавме појава од мраз, вели вели Љубе Пампулевски, претседател на Здружението на овоштари „Благој Коталаровски“ од Ресен.

Министерството за земјоделство допрва ќе анализира каква заштита од град ќе се воведе, истакна министерот.

– Се разработува бугарскиот модел којшто е со беспилотни летала. Се разработува грузискиот модел којшто е со ракетен компјутеризиран автоматизиран најсовремен систем и неколку други модели. Но тоа не може да го направиме преку ноќ. Сите прашуваат кога ќе ја вратите градобијната одбрана. Ние работиме од минус 100 за да ги направиме сите истражувања и анализи. Веќе министерството ја прави тендерската, правната постапка заедо со генералниот секретаријат на владата, изјави министерот за земјоделие Љупчо Николовски (10.07.2018).

Преспа од мај до денес дури шест пати е опфатен од невреме и токму овој регион спаѓа меѓу приоритетните локации каде треба да бидат поставени системи за заштита од град.

 


 

сител

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close