Измени на законот за легализација на земјоделски објекти
Во собраниска процедура се измените на законот со кој ќе можат да се легализираат изградените земјоделски објекти. Се предлага иста постапка како и за објектите за домување…
Доколку Собранието ги усвои измените, земјоделците кои го немаат решено статусот на фармите, рибниците, преработувачки капацитети и други објекти, до 31 март 2016 година ќе можат да достават барање за легализација во општините каде што се наоѓаат објектите.
Постапката ќе да биде слична како и за објектите за домување, а ќе важи за решавање на статусот на објектите изградени до 3 март 2011 година кои претставуваат градежна и функционална целина.
Земјоделците кои ќе достават барање за утврдување на правен статус ќе треба да достават и геодетски елаборат најдоцна до 31 декември 2017 година.