fbpx
Вести

Македонија не знае дека Косово воведува заштитни мерки за земјоделските производи

Македонската влада не е информирана дека Косово воведува заштитни мерки за своите земјоделски производи. Иако косовската страна најави дека од среда 18 јули за овошјето и зеленчукот што влегува во земјата ќе воведе 30% поголеми царински давачки, македонските институции не знаат што ќе прават доколку таквата закана се реализира. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека откако ќе бидат информирани за таквата мерка, ќе размилсуваат и анализираат дали ќе се воведат реципрочни мерки или ќе се преземат други чекори.

„Ние сме членка на ЦЕФТА а тоа подразбира секоја држава што планира да воведе некакви мерки, тоа предвреме да го најави. Министерството до денеска не добило никакво писмо дека воведува такво нешто, а ако воведат, тоа ќе го разгледаме заедно со царината и Министерството за земјоделство и ќе заземеме став“, вели Бектеши.

Косово не е членка на Светската трговска организација туку само на ЦЕФТА. Косовското Министерство за трговија и индустрија уште во петокот одлучи од 18 јули да воведе привремена мерка со која ќе го штити своето производство на овошје и зеленчук. Министерот Бајрам Хасани мерката ја оправда со жалбите што ги добивал од производителите, објаснувајки дека увозот на 21 земјоделски производ во Косово количински е толку голем што се заканува дека ќе им нанесе сериозна штета на домашните производители. На листата на производи што ќе подлежат на новите мерки се компир, домат, пиперки , краставица, диња, зелка, спанаќ, кромид, морков, грав, јаболка, круша, слива, јагоди, малини, капини и пченка.

Од Министерството за земјоделство немаат коментар а дел од земјоделците за Телма рекоа дека поскапувањето на производите негативно ќе се одрази на извозот бидејќи договорите се веќе склучени. Очекуваат мерката да трае само неколку дена и да се укине поради негативните последици што ке ги предизвика за двете земји.

 


 

телма

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close