fbpx
ВестиСовети

Одгледување јаболка во шпалир – квалитетот пред квантитетот

Јаболката во шпалир немаат потреба од есенско наводнување, ниту пак премногу ѓубриво, даваат принос од 50 до 80 тони по хектар, а намалени се и трошоците за резидба и берба, затоа што работите се извршуваат „од земја“.

Се почесто сериозните производители на јаболка се одлучуваат за современ пристап во одгледувањето на овошјата во густо или таканаречено шпалир садење. Ваквото садење, најмногу се применува за крушите и јаболката, поради намалениот раст на стеблото со соодветен обем на круната.

„При шпалир садењето на јаболката, се користат стеблата на овошките со мали димензии, кои овозможуваат садење на мало растојание, што значи поголем број на растенија, но и поголем принос по хектар. Кај шпалирите, овоштарите, повеќе се базираат на квалитетот, а не на квантитетот на плодовите. Поради добрата осветленост на круната, кај плодовите добро се развива дополнителна боја, а имаат и висока содржина на растворливи суви материи и добар вкус“, вели експертот за овоштарство, Билјана Милосављевиќ.

 

Шпалир садењето бара и претходна подготовка

Помалите стебла на овошките, подобро ја искористуваат сончевата енергија, а квалитетот на плодовите зависи од степенот на светлина, затоа што сите хранливите материи се насочуваат кон создавање на плодови, а не кон дрвјата. Малите стебла се садат на мало растојание, што значи повеќе стебла на единица површина. Овошките кои се со помала бујност раѓаат порано, а тоа значи и зголемен принос во однос на класичното јаболко. Сепак, шпалир садењето бара и претходна подготовка.

„Прво треба да се изберат парцели на кои правецот на редовите би бил север – југ, а пред подигнувањето на насадите, задолжително треба да се направи агрохемиска анализа на земјиштето, како и да се изврши агромелиоративно ѓубрење. Земјата мора да биде добро иситнета, така што е неопходно да се изврши поткопување во длабочина од 60 до 70 см. Таквиот вид на садење бара и оградување како заштита од глодари, поставување систем за наводнување и поставување на испакната мрежа“, додава Милосављевиќ.

Потребни се од 1600 до 2300 садници на хектар

Со правилна обработка на земјата потребно е да се воспостави поволен воден, воздушен и топлински режим. Составот за наводнување „капка по капка“ се препорачува доколку ги садите овошјата во пролет, затоа што на јаболката во почетокот им е неопходна вода за развој. Важен дел при шпалир садењето на јаболката е подлогата на која се врши калемење, особено кога е во прашање растојанието помеѓу садниците, поради нивната бујност.

Јаболката се садат на подлога М9, а растојанието помеѓу редовите за слабо бујните сорти е 3,5 метри, а помеѓу садниците до 1,25 метри, за средно бујните сорти 3,5 x 1,5 метри, а за бујните 3,5 x 1,75 метри. За спроведување на еден од овие три начини на садење, потребни се од 1600 до 2300 садници по хектар. Како единствен недостаток, експертите ја наведуваат потребата од големо почетно вложување со голем број садници и опрема. Но, вложеното се надоместува веќе во првите две години од одгледувањето.

„Исплатливоста на опремата за наводнување, испакнатата мрежа, ѓубривото, се гледа веќе во четвртата година после садењето. Приносот на јаболкниците во шпалир, изнесува од 50 до 70 тони за хектар, зависно од сортата, а самите извозници повеќе се одлучуваат за јаболка од шпалир, затоа што исплатливоста е многу поголема“, истакнува Милосављевиќ.

Таквата поголема исплатливост, се однесува пред се на јаболката, кои во вкупниот принос, во 90% од случаите, се прва класа. Јаболката во шпалир не бараат есенско наводнување, ниту премногу ѓубриво, а даваат од 50 до 80 тони за хектар со намалени трошоци за режење и берење, затоа што сите работни активности се извршуваат „од земја“.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close