ЈАВЕН ОГЛАС бр.05/18 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање
1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС
Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од 517ха 28ар 37м2 и тоа за следните региони во Република Македонија: Берово, Куманово, Свети Николе, Штип, Гостивар, Кавадарци, Струмица, Крива Паланка, Дебар, Неготино, Велес.
Последниот ден за поднесување пријави за учество на јавниот оглас е 21.08.2018 година (Вторник)
Понудите доставени по овој јавен оглас ќе бидат јавно отворени на ден 22.08.2018 година (Среда) во големата сала за состаноци во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ул.Аминта Трети бр.2 Скопје со почеток од 10 часот.
Документите можете да ги преземете на следниот линк: https://goo.gl/fZzbDm