Земјоделците во Преспа беа запознаени со придобивките од здружувањето во задруги
Преспанските земјоделци денеска во Царев Двор беа запознаени со предностите од формирањето земјоделски задруги со цел подобрување на конкурентноста во македонското земјоделство.
Информативната средба се одржа во рамките на проектот „Поддршка за развој на земјоделските задруги во Македонија“, финансиран од ЕУ, спроведуван од CARE Deutschland/Luxemburg (CARE) и МРФП во соработка со Министерство за земјоделство.
Раководителот на проектот Лазар Недеаноски појасни дека задругите се еден од начините да се подобри конкурентноста, бидејќи, како што рече, во овие процеси на глобализација земјоделците се ограничени да ги решаваат нивните проблеми индивидуално.
– Поради тоа задругите нудат еден од начините на здружување на земјоделците со цел да бидат помоќни, посилни, поорганизирани и поконкурентни. Земјоделците здружено ќе може да ги решаваат проблемите кои сега се јавуваат околу производство и пласманот. Организирани поефикасно ќе може да го прават тоа, истакна Неданоски.
Според него, интерес кај земјоделците постои, но клучно е самите земјоделци кои ќе бдиат дел од задругата да си веруваат меѓу себе, да ги договорат меѓусбените односи со разбирање и да изберат луѓе кои ќе ја водат и ќе бидат спосбни да ја водат задругата, и како деловен и како социјален субјект.
– Проектот нуди и финансиска поддршка во форма на неповратни средства за деловни потфати кои ќе ги имаат како земјдоелска задруга и ќе бидат од економси интерес на задругата и на членовите, информира Неданоски.
Ќе биде финансирана изградба на откупни центри, сушари, ладилници и друг тип на инвестиции кои ќе маат долгорочни позитивни ефекти.