Вчера во интервју во централниот дневник на Телевизија 24 во 17 часот, за новите мерки на Владата за поддршка на полјоделските култури, за капиталните инвестиции, водостопанската инфраструктура и за останатите актуелни случувања во земјоделството и идни мерки на Владата за развој на агросекторот, гостуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Влезот во ЕУ – ќе значи и многу нови правила. Иако преговорите стартуваат со најсензитивните прашања од поглавјата за корупција и слобода, сепак, најзначајната и можеби најобемна област што ќе треба да се регулира е земјоделството.
Главната цел на заедничката земјоделска политика е да се обезбеди стабилно снабдување на пазарите со земјоделски производи по пристапни цени од една страна и соодветен приход за земјоделците од друга страна. Со влезот во ЕУ – се отвора и пазар од 500 милиони потрошувачи, како и голем број на европски фондови.