fbpx
Вести

Се зголемија цените за сите житни договори на светските берзи

По претходното поевтинување седмицата донесе зголемување на цените кај сите житни договори на светските берзански пазари.

Во Чикаго пченицата поскапе со 8 долари до претходните 215 долари/тон, во Франција со 9 евра до 189 евра/тон. Во Украина и Русија, цените, исто така, се зголемија малку за 3 и 1 долари, соодветно, на 202 и 204 долари/тон.

Кај пченката промената во цената во Чикаго се зголеми со плус 7 долари, повторно до претходните нивоа од 162 долари/тон, во Франција исто така се вратија на старите цени со покачување од 3 евра до 162 евра/тон.

Во Русија цената варира, сега е плус 4 долари до 201 долари/тон.

Семето од репка во Европската унија (Еuronext) се движи на 360,50 евра/тон, а јачмен во Франција и Германија, исто така отиде кон зголемување со 3 и 7 евра и достигна цена од 176 и 187 евра/тон.

Нерафинираното сончогледово масло и рафинираниот шеќер се единствените стоки што паднаа. Цената во Ротердам на маслото оваа недела е со минус 10 долари до 770 долари/тон, а шеќерот во Лондон продолжува да губи на крајот на јуни и поевтини со сериозните 21,20 долари до 318,40 долари/тон.


 

денар.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close