fbpx
ВестиВино

И во Македонија се бараат сезонски работници: Дневница по 1.000 денари за берење на јаболка, грозје, аронија…

Во земјава се бараат сезонски работници за берба на јаболка, грозје, аронија и друго овошје, во Ресен, Преспа, Берово, Кавадарци, а дневно може да се заработат по 700, 800 до 1000 денари, пишува Фактор.

Во ресенско – преспанскиот крај ќе бидат потребни над 1000 берачи на јаболка оваа есен, иако на три локации паѓаше град кој направи штети и уништи дел од родот.

„Во Преспа бербата почнува на 27 септември. Се бере до 1 ноември, четири или пет недели, но ако се погоди една недела да врне, тогаш се пролонгира. Сезонците заработуваат по 800, 900 до 1000 денари, а со газдите договараат дали ќе има оброк, или сместување. Имаме луѓе од Источна Македонија, кои се вработени од Кочани, Свети Николе и тие земаат одмор, доаѓаат овде и берат јаболка. Но, тоа не е организирано, туку е стихијно. Доаѓаа и луѓе од Албанија, и Македонци и Албанци, но сега тие се заминати во Италија, Грција на работа и ги нема“- вели Љубе Пампулевски, претседател на Здружение на овоштари „Благој Котларовски“ од Ресен.

И во Берово производителите на аронија мака мачат да најдат работници.

„Се бараат многу работници, а нив ги наоѓаме многу тешко, но немаме избор. Ги плаќаме по килограм набрана аронија, при што има работници кои ќе наберат 100 килограми, но има и други кои ќе наберат 30 до 40 килограми. Работници наоѓаме од овде од градот, и од селата“- објаснува Мирјана Дудуковска од Берово.

Одгледувачите на грозје во Кавадарци со берба почнуваат при крајот на август или почетокот на септември.


 

бриф

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close