fbpx
Без категоријаВестиСовети

Како се тргува на новосадската “Продуктна берза”

МОЖНОСТ ЗА ИНДИВИДУАЛНИТЕ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ЗА УЧЕСТВО НА ПАЗАРОТ НА СТОКИ

Трговско – услужната компанија „Аграр продукт“ од Нови Сад, основана е од страна на „Продуктна берза“ од Нови Сад, на 15.10.2003, како ДОО. Основен мотив за формирање на компанијата „Аграр продукт“, е да се овозможи активно учество на индивидуалните земјоделски произведувачи во организирано тргување на берзата со земјоделски производи, на „Продуктна берза“ во Нови Сад. Основната функција на „Аграр продукт“ е воспоставување линк помеѓу индивидуалните земјоделски произведувачи, како физички лица и берзата. Низ дејствувањето во насока на откупување на земјоделските производи и нивно изнесување на берзата за продажба на идентични клиенти, „Аграр продукт“, од една страна е застапник на индивидуалните земјоделски произведувачи, а од друга страна, правно лице – продавач на земјоделски производи во својство на член на берзата. Покрај изобилството на корисни информации кои ги обезбедуваат за производителите, тие треба да одговорат и на некои многу специфични прашања, поврзани со самата техника и начинот на реализација на оваа трговија, а тоа најчесто се: што ми е потребно од документација, која цена може да ја постигнам за својата стока, кои се моите трошоци, начин на плаќање и рок за исплата, како е регулиран данокот и многу други. Основни предуслови, за да може индивидуалниот производител да ја пласира својата роба преку „Аграр продукт“, односно преку Берзата, се следните: • Да достави копија од регистрација на земјоделското стопанство за тековната година, заради обезбедување ДДВ надомест во висина од 8%, • дека стоката која ја нуди, условно е складирана, за што доставува Потврда со елементите за квалитет на стоката издадена од складиштето • Во случај на складирање во сопственото домаќинство (чардак,амбар) да набави извештај од овластена контролна куќа за извршена анализа на стоката која сака да ја продаде, со адреса на местото каде што стоката е складирана, • дека производителот има активна тековна сметка кога се врши плаќањето за стоката. После исполнувањето на горенаведените услови, заинтересираниот индивидуален земјоделски производител со „Аграр продукт“, потпишува Договор за застапување на пазарот на „Продуктна берза“ Нови Сад и дава налог за продажба на стоката. Потоа, „Аграр продукт“, дава налог на „Продуктна берза“ – Нови Сад, идентичен по форма и содржина на налогот на клиентот – производител. Кога доаѓа до продажба на стоката преку Берзата, „Аграр продукт“, за реализацијата го известува производителот и својта профактура за купената стока, ја испраќа на купувачот. По извршената уплата, “Аграр продукт” ја испраќа нарачката за товарање во складот, а после товарењето, квантитативниот и квалитативниот прием на стоката, врши пренос на средствата на наменската сметка на производителот во рок од 48 часа. За услугата на застапникот, во оваа работа, “Аграр продукт”, наплатува од производителот, провизија од 1% зголемена за ДДВ (20% на 1%). Прикажано на конкретен пример, за која цена станува збор, односно колкав е износот по килограм продадена стока кој индивидуалниот земјоделски производител го оствраува со ваквиот начин на продажба, тоа изгледа вака: Под претпоставка дека Берзанско пазарната цена на некоја стока, на пр. пченката, за родот 2016 во одреден период изнесува 16 дин/кг, нето цена (без ДДВ по стапка од 8%), би била 17,28 дин/кг, кога на таа нето цена ќе се додаде ДДВ надомест од 8% (во износ од 1,28 дин) и се одземе провизијата на застапникот (агентот) со соодветниот данок од 1.20% (во износ од 0,19 дин) на производителот му припаѓа цена од 17,09 дин/кг.

 

Валентина Соколовска

за ЗЕЛЕНА БЕРЗА

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close