fbpx
ВестиЛов и риболов

Богата сезона за кичевските ловџии

Иако оваа зима беше исклучително топла и сиромашна со снег, сепак тоа не беше голема пречка ловџиите од Кичево и Кичевско да имаат богат лов. Така, за разлика од претходната сезона, кога беа отстрелани само 25 диви свињи, годинава нивниот број се искачи на 62 отстрелани свињи, од кои и еден вепар капиталец од над 300 килограми, отстрелан кај селото Речани.

bogata sezona za kichevskite lovdzii

 

– Оваа ловна сезона беше една од најбогатите во нашиот регион, бидејќи се отстрелани дури 62 диви свињи, што е далеку над бројката од лани, кога четирите ловечки друштва од нашиот регион отстрелаа само 25 диви свињи. Поради топлото време и слабите врнежи од снег постоеше стравување дека ловот може да биде сиромашен и дивите свињи да бидат тешко достапни за ловџиите, бидејќи имаа лесно достапна храна и на највисоките планински врвови. Сепак, стравувањата се покажаа како неоправдани, а бројот на отстрелани диви свињи е најдобра потврда дека времето не е секогаш одлучувачки фактор за бројот на отстреланиот дивеч – вели Зоран Фиданоски, инспектор за лов.

Покрај дивите свињи, во периодот за лов на крупен дивеч, октомври-јануари, ловџиите имаа дозвола и за отстрел на штетен дивеч.

– Во оваа ловна сезона од штетниот дивеч се отстрелани 9 волци и 15 лисици – додаде Фиданоски.

Според зборовите на Фиданоски, бројот на волците се врати во нормала по укинувањето на забраната за негов отстрел пред десетина години, но затоа, пак, бројот на мечките е во голем пораст.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close