fbpx
ВестиРурален туризам

За последните три години пропаднаа пет милиони денари државна поддршка на руралниот туризам

Само пет отсто од националните и локалните тур-оператори го промовираат руралниот туризам и нудат посети и сместувања во рурални средини низ Македонија, а сопственците на капацитети се снаоѓаат како знаат кога станува збор за привлекување туристи бидејќи организирана понуда нема, покажува најновото истражување на Рурална коалиција.

Како што беше речено на денешниот настан на кој беа промовирани резултатите од истражувањето, преку 96 отсто од сопствениците на капацитети во руралните средини не знаат дека имало стратегија за рурален туризам иако овој документ е веќе истечен и бил за периодот 2012-2017 година.

Согласно последните анализи на европско ниво, руралниот туризам директно или индиректно креира над 900 илјади работни места, додека во Македонија едвај еден е вработен со платени придонеси и полно работно време во рамки на еден капацитет.

– Поради немање информации, сопствениците на капацитети за рурален туризам речиси воопшто не користат поддршка од државата па така, во последните три години, пропаднаа проектираните пет милиони денари за оваа намена што можеа да се земат преку Министерството за економија, изјави Лилјана Јоноски од Рурална коалиција.

Според неа, тоа е само еден проблем со кој се соочува секторот. Немањето инфраструктура, недоволната соработка со општините, немањето координиран пристап на локално и државно ниво, како и неисполнувањето минимум стандарди се само дел од причините, оцени Јоноски поради кои руралниот туризам се уште е на листата неразвиени стратешки гранки во земјава.

Сопствениците на капацитети, освен на немање инфраструктура, се жалат и на недостиг од квалификувани работници. Соработуваме со надлежните институции, посебно со Агенцијата за вработување, но се соочуваме со недостаток на работници. Тие не се доволно едуцирани. Не е како порано кога кадарот имаше завршено специјализирано училиште за угостителство и туризам, рече сопственикот на Горна Куќа во село Слепче, демирхисарско.

Истражувањето на Рурална коалиција,што се спроведе од 1 февруари до 31 јули годинава во сите осум плански региони, опфакајќи над 120 капацитети, покажа и дека предности за привлекување странски туристи во руралните средини се недопрената природа и евтините услуги. Од друга страна, забелешка на гостите од странство е недоволната сигурност, високото ниво на корупција и наплаќањето по различни цени.


 

а1он

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close