fbpx
ВестиТоп вести

48 издание на фестивалот   „Илинденски денови“  во Битола

 

 

Денес почнува 48 издание на Републичкиот фестивал на народни песни и гри  „Илинденски денови“. Битола ќе живее фестивалски преку традицијата и културата  претставена низ песните, ората, игрите и танците на   учесници од целиот свет.

Националната установ а Центар за култура Битола  е домаќин и организатор на 48 издание на фестивалот.

Директорка на установата Маја Андоновска Илиевска  на средбата со новинарите истакна дека се е подготвено за стартот на новото фестивалско издание.  Фестивалот ќе се одржува од 28 до 1 август. Н а неколкуте фстивалски сцени ќе земат учество околу 1000 учесници од 34 културно уметрнички друштва  и фолклорни ансамбли  од  државата , Европа, Јапонија и САД.

„Републичкиот фестивал Илиндеснки денови е најстариот фестивал во државата, гордост на Битола и Македонија. Подготвени сме да ги пречекаме сите гости од државата и стратнство, кои ќе понудат богата програма и во петте фестивалски денови, а тоа е така бидејќи нашиот ффестивал е член  и со соодветен сертификат на меѓународната организација на фолклорни фестивали ЦИОФ.  Еден од високите стандарди на таа организација фестивалот  да се реализира во  5 фестивалски програмски денови и ние сме подготвени да одговориме на тој услов“, рече Андоновска Илиевска.

Фестивалот Илинденски денови е еден од стоте фестивали во светот во постојана развојна линија со цврсти темели поставени во 1971 година.

„Според востановената традиција фестивалот има фестивалска предпрограма, фестивалска програма со натпреварувачки и ревијален  дел кој го изведуваат гостите од странство, и има придружна програма која ќе се реализира  во старата чаршија ,  на Широк Сокак и во локалитетот Хераклеја. Сите фестивалски сегменти  се исполнети со квалитен  и инсприративни содржини“, посочи Валенти н Соклевски   уметнички директор и режисер на фестивалот.

Традиционално  фестивалот започнува со дефиле на учесниците  низ битолските улици , а ќе заврши со голем концерт на Виолета Томовска и групата „Фонтана“ во античкиот локалитет Хераклеја.

Фестивалот се одржува под покровителство на  Собранието на РМ, а со финансиска поддршка на Министесртвото за култура  и општина  Битола.

Павлина Јовановска

За Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close