fbpx
ВестиСовети

УСПЕШНО СУЗБИВАЊЕ НА ЦРВЕНИОТ ПАЈАК НА ОВОШЈЕТО

Многу опасен штетник кој главно ги напаѓа насадите со јаболка, праски и нектарини. Брзо се размножува и може да предизвика голема штета. Еве неколку совети како да се борите против него.

Црвениот пајак на овошјето (Panonychus ulmi) е еден од најопасните штетници во насадите со јаболка, праски и нектарини. Исто така, напаѓа и другите видови овошје. Според зборовите на дипломираниот инжинер за земјоделство, Бојан Мијатовиќ, тој штетник, оваа сезона се појавил во голем број, а причина за тоа, најмногу се временските услови кои се поволни за негов развој.

Во летниот период на задната страна од листот може да се забележат голем број на пајаци од сите стадиуми. Во исклучително топли денови женките преоѓаат на лицето од листот, иако тука не ги полагаат јајцата. Појавата на нова генерација пратена е со појава на голем број свежо положени јајца. При следењето на генерациите потребно е да се знаае дека пајаците во почетокот на вегетацијата се наоѓаат во долните листови и на розетите, а подоцна се селат на ливчињата од долната третина на леторастот, во јули и август веќе се во горната третина на леторастот.

Имајќи предвид дека развојот на една негова генерација трае само 7 – 10 дена, многу е важно со третирање да се сузбијат сите развојни стадиуими, со цел да не дојде до нивно повторно појавување, во уште поголем број во текот на вегетацијата.

Користете препарати на база на атоксазол и абамектин

За сузбивање на црвениот овошен грин, Мијатовиќ советува употреба на комбинација од специфични инсекто – акарициди, а тоа може да се направи со препарати на база на активни материи на етоксазол (Borneto, Uranus), во концентрација од 0,05%, која делува на сите незрели стадиуми на развојот на грините (јајца, ларви и нимфи) и абамектин (Abastate, Kraft), во концентрација од 0,1%, кои ги сузбиваат возрасните единки на овие штетни видови. Третманите треба да се извршат врз основа на преглед на овоштарникот и достигнување на прагот на штетност, кој изнесува 2-5 појави по лист.

Овошките прскајте ги приквечер или во текот на ноќта

При сузбивање на грините, треба да се зголеми количината на вода, од 1200 до 1500 л/ха (треба добро да се измие растението) и задолжително да се додаде NU Film 17 во концентрација од 0,1% или минерално масло Galmin во концентрација од 0,3 – 0,5%, заради подобра покриеност на лисјата и перзистентност на применетите пестициди. За ефикасност на третманот многу е важно истиот да се изведе приквечер или во текот на ноќта.

 

Валентина Соколовска

за ЗЕЛЕНА БЕРЗА

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close