fbpx
Вести

Зголемени откупот и продажбата на земјоделските производи

Откупот и продажбата на земјоделските производи во четвртото тримесечје од 2015 година се зголемени за 7,9 проценти во однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

zgolemeni otkupot i prodazhbata na zemjodelskite proizvodi

 

Кај откупот на земјоделските производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 14,4 проценти, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 1,2 отсто.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: индустриските и градинарските растенија, добитокот, живината и јајцата, млечните производи и рибата, а намалување е забележано кај: житото, фуражните растенија, овошјето и грозјето, алкохолните пијалаци и млекото.

Според податоците од Државниот завод за статистика, месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во октомври и декември, а во ноември е забележано опаѓање.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close