Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работи на изготвување на нов Закон за земјоделство и рурален развој. За таа цел формирана е група која што е задолжена да ги разгледа забелешките и сугестиите и да ги вметне во новиот Закон.
„За подобрување на функционалноста на законското решение, ве молиме да земете учество со ваши забелешки и предлози за измени во Законот за земјоделство и рурален развој“, соопштуваат од ресорното министерство.
Во првата недела од месец септември работната група ќе одржи состанок на кој ќе ги разгледа предлозите и ќе ги состави во законот во делот со предлози.
Сите заинтересирани може предлозите да ги испратат најдоцна до 25 август. Со цел да даде свој придонес во подобрувањето на Законот, Зелена берза ги повикува своите членови да дадат свои предлози за да може организирано да се дејствува и да се влијае во формирањето на законската регулатива што е од нивен интерес.
Павлина Јовановска
Зелена берза