Вести
Побарувачката на дрво зголемена за 10%
За десет отсто е зголемена побарувачката на огревно дрво, во одност на лани. До Македонски шуми секој ден пристигнуваат нови барања.
Според директорот на Македонски шуми, Жарко Караџовски, ваквата состојба е резултат на новите правила за аплицирање, со кои и граѓаните и фирмите имаат утврдени рокови до кога треба да го поднесат барањето до претпријатието.
Со воведувањето на нови реформи компанијата во изминативе години значително ја подобрила работата и финансиската состојба. Задржан е и бројот на вработени.
За развој на макеодонското шумарство ќе се користи помошта од експерти од Австрија. Нивниот метод е меѓународно познат , а ги користат и искуствата од повеќе земји во светот.