fbpx
Вести

До 18 ти Август завршува Јавниот повик за купување на земјоделско земјише во државна сопственост под оранжерии

Уште 11 дена трае Јавниот повик за доставување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјише во државна сопственост под оранжерии и помошни објекти во функција на оранжеријата, како и стопанскиот двор во функција на оранжеријата.

Со овој јавен повик сопствениците на оранжерии ќе имаат можност да го купат земјиштето на кое што се наоѓа оранжеријата, а кое што во моментов е во државна сопстевонст. Со повикот се овозможува купување и стекнување на сопственост врз земјиштето, а со самото тоа и вложување во инвестиции, кредитирање, користење на ИПАРД програмата. Со оглед на тоа дека оранжериското производство е извозно ориентирана гранка, инвестирањето во модернизирање и зголемување на производството, е клучно за конкурентноста на оваа гранка.

Затоа до крајниот рок , кој истекува на 18-ти август, а тоа е следната сабота, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство ги потсетува сите сопственици на оранжерии кои се заинтересирани да го откупат земјиштетте, да го запазат рокот, и да достават комплетна документација. Потенцираме, дека особено во документацијата е важно, проценките за вредноста на земјиштето да бидат напревени од Бирото за судски вештачења

Ова е важно за Комисијата да постапи навреме и да има што поголем број на прифатени понуди. Цената на земјиштето се утврдува според Методологијата за процена на пазарната вредност на земјоделско земјиште во државна сопствеост под оранжерии и објекти кои се во функција на земјоделското производство, која што беше донесена крајот на јануари оваа година.

На јавниот повик може да аплицираат сите што имаат легализиран објект во функција на земјоделско производство. Ова е прв ваков јавен повик, до крајот на годината планирано е да се објават уште два јавни повици. На овој прв јавен повик, според проценката на МЗШВ се очекува да се достават околу 40 тина понуди, а договорите би се склучиле на почетокот на следниот месец.
Ова е првиот чекор за продажба на државно земјоделско земјиште, а во следниот период политиката на МЗШВ ќе биде насочена кон спроведување на постапки за продажба на државно земјоделско земјиште под долгогодишни култури, особено на лозовите насади.


 

mzsv

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close