Кај нас, вообичаено е за cover crop технологијата, односно употребата на покривни култури да се користат и термините сидерат или зелено ѓубриво. Но, овие зборови не се синоними.
Всушност, со вторите два термини се означува процес на заорување, додека со cover crop се означува присуство на површината во текот на целата година. Тој припаѓа на концептот на регенеративна no till обработка на земјата. Крајната цел е комплетно биолошко производство.
Со одгледувањето на покривни култури се постигнува:
- Опоравување и активација на земјиштето
- Зголемување на издржливоста на земјиштето при сушни и врнежливи периоди
- Намалување на болестите на растенијата
- Зголемување на профитот
- Производство на здрави култури.
Што се сидерати?
Сидерати се растителни видови за зелено ѓубрење. Изборот зависи од климата, земјиштето, плодоредот, но и времето во кое може да се засеат, односно од тоа кога површината е слободна или кога е собрана главната култура.Сидератите, најчесто се сеат напролет или на крајот на летото, после собирањето на житариците, маслодајните растенија или зеленчукот. Заорувањето на сидератот има поволно влијание на тешките и песокливи земјишта, особено на површините кои се ѓубрат само со минерални ѓубрива.
Валентина Соколовска
за Зелена берза