fbpx
Вести

Зошто треба да се јадат семките од лубеница?

Семките од лубеница покрај тоа што содржат протеини, имаат и витамин Б, магнезиум, монозаситени и полизаситени масти.

Чистењето на семките од лубеницата  речиси за сите е нешто најнормално. Но, по се изгледа цело време сме грешеле. Семките треба да ги оставите да изртат, а потоа де ги исушите и да ги излупите, по што ќе добиете голем извор на протеини. Во само една осмина од филџанче има дури десет грама протеини.

Овие семки освен протеини содржат и витамин Б, магнезиум, монозаситени и полизаситени масти што го намалуваат нивото на холестерол, ризикот од разни воспаленија, срцев удар и мозочен удар. Семките од лубеница се најслични со сончогледот. Еден од начините на употреба е како додаток на салата, а може да се  грицкаат и како класични семки.


 

netpress

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close