fbpx
ВестиТоп вести

Започна процедурата за исплата на договорите за ИПАРД 2 програмата

 

Започна процедурата за исплата на договорите на ИПАРД 2 програмата. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку успешни бизниси ја истакнува важноста од искористеноста на европските фондови. Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и со градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, беа во посета на селото Лакавица, на средба со дел од земјоделците кои имаат склучено договори за мерките од ИПАРД 2 Програмата, соопштуваат од министерството за земјоделство.

Министерот Николовски посочи дека придобивките од ефикасната искористеноста на европските фондови кои им стојат на располагање на земјоделците, се огромни, и се можност за модернизација на македонското земјоделство.

 

„Од Штип ја испраќаме пораката за искористување на европските средства и парите кои им стојат на располагање на земјоделците. Овде го видовме одличниот пример за набавка на автоматска берачка за вишни која чини 50.000 евра, а преку ИПАРД 2 се финансирани околу 50 % од трошоците“.

Од вкупно 684 склучени договори, 666 договори се за Мерката 1 односно Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства, за која што се побаруваат над 6,2 милиони евра. Останатите 29 договори се склучени за мерката 3 односно Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи, за која што побарувањата изнесуваат 6,1 милиони евра.

Од овие 684 веќе склучени договори, досега до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој до денеска за исплата на средства се пристигнати  107 барања по Мерките 1 и 3.

Вкупно за двете Мерки се побаруваат околу 610 илјади евра.

„Неопходно е да се зголеми процентот на искористеност на ИПАРД 2 средствата кои ни стојат на располагање и тоа е една од нашите клучни политики оваа година. До денес се склучени договори за над 12 милиони евра кои што веќе се ставаат во функција на македонското земјоделство“, истакна Николовски.

Ова е и целта на евроинтеграциските политики на кои што силно е фокусирана Владата на Република Македонија, затоа што влезот во ЕУ ќе значи зголемување на фондовите за земјоделците, потенцираше министрот Николовски.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close