fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Шароле говеда – товна раса говеда со најголем процент чисто месо

 

 

Шароле говеда – товна раса говеда со најголем процент чисто месо

Не многу одамна, Србија во Европа, била многу позната по производство и извоз на говедско месо. Во оваа земја постојат многу добри услови за чување говеда (традиција, производство на сточна храна, потребни површини). Само врз основа на тие чинители, не е тешко да се заклучи дека говедарството во Србија ги има сите услови, повторно да стане водечка гранка, и тоа, не само во сточарството, туку и во земјоделството во целина.

Производството на млеко е многу сложено, почнувајќи од оплодувањето и стелноста на кравите, телењето и одгледувањето на телињата, молзењето и постапувањето со млекото, се до конкурентноста во пласманот. Од друга страна, гоењето на говедата е значително поедноставно, вклучувајќи го и пласманот на згоената стока или говедското месо.

Системот на чување на говедата, „крава – теле“, кој се користи при одгледувањето на товните раси, подразбира слободно чување и движење на сите категории (крави, телиња и товни грла), со слободно пасење во текот на најмалку шест месеци годишно. Во останатиот дел од годината, грлата се чуваат во шталите, каде исто така слободно се движат и хранат, со онаа храна која е добиена од ливадите во непосредна близина. Со тоа, во шталите се добива помалку интензивна и природна исхрана.

Како резултат, се добива месо кое е со сигурно потекло и висок квалитет. На повисоките терени, на пример над 800 метри надморска височина, се повеќе се воведува, обезбедување на храна за зимскиот период во вид на сено. Со тоа, се повеќе се исполнуваат условите не само за здраво, туку и за органско производство на говедско месо. Таквиот производ, има се поголема побарувачка, а со тоа и сигурен и добар пласман. Тоа за Србија претставува дополнителна шанса, која не е искористена, а ги има сите услови за тоа.

„Системот на чување на говедата, според принципот „крава – теле“, кој се користи во одгледувањето на товните раси, подразбира слободно чување и движење на сите категории говеда, со слободна испаша во текот на најмалку шест месеци годишно“.

Предноста на товните раси, во однос на другите, пред се е во раното стигнување, добрата способност на прилагодување на различните услови на фармите, а една од одликите е и тоа што, грлата се скромни во однос на исхраната и соодветни за употреба на лошата зелена маса. Покрај тоа, не бараат големи финансиски вложувања во градежни објекти и опрема, како што тоа е случај кај млечните раси говеда. Конечно, помала е ангажираноста на човечката работна рака во чувањето на овие говеда, што исто така има влијание на нивниот избор, како одгледувачки видови.

Шароле е многу стара раса. Пронајдените фигури во ископините, кои потекнуваат од времето на Римското царство, кои ги прикажуваат говедата од типот на Шароле, како и верските извори кои се однесуваат на жртвеното говедо со бела боја, укажуваат на почетоците на неговото одгледување. Постои пишан податок од 878 година, во кој се споменува името Богенис, што на келтски значи „населба на белиот вол“ и може да асоцира на шароле говедата.

Говедата од расата шароле името го добиле според името на француската провинција Шаролеи, а се смета дека настанале од говедата кои пристигнале во Франција од Италија, заедно со римските легии.

„Шароле денес се смета за водечка раса во светот, според количината на произведено чисто месо по грло“.

 

Кон крајот на 18 век, во напорите кај тогашните грла да се подобрат одредени својства, се вкрстувале тогашните примитивни шароле крави со шорторн биковите увезени од Англија. Со интензивната примена на селекцијата, со чиј брз прираст и раното стигнување, одгледување во блиско крвно сродство, создаден е нов тип на шароле говеда, кој се одликува со одлична товна способност. На овој начин, настанале посебни животни за производство на месо, така што нивната популација се зголемува, особено после Втората светска војна, кога почнува да се шири низ целиот свет и влијае на создавање на нови раси (како што се чебреј говедо во САД, каншим говедо во Бразил).

 

Шароле денес се смета за водечка раса во светот, според количината на произведено чисто месо по грло. Тие се крупни и тешки говеда со голема рамка, со изразена ширини и длабочина. Имаат кратка и широка глава, релативно краток и мускулест врат и долг и длабок труп. Грбната линија им е рамна, со многу мускули. Екстремитетите им се кратки, а кожата им е со средна дебелина, покриена со меко влакно со пченична боја. Висината на гребенот на возрасните крави е во просек 138 см, а на биковите 145 см. Просечната маса на телото на кравите е околу 800 кг, а на биковите 1250 кг.

 

Влакнестата прекривка е еднобојна бела до крем боја, а слузокожата еднобојно светла без пигментација, роговите се жолти како восок, а копитата им се светли. Главата им е релативно кратка и мала, со широко чело и големи бразди. Трупот се одликува со длабоки гради, заоблени ребра, добро врзани со телото (плеќите), многу мускулест грб, долги и полни слабини и многу широка карлица. Бутовите им се заоблени и длабоки, а нозете релативн кратки.

Кравите се чуваат за приплод просечно 7 години и за тоа време даваат 4 -5 телиња, а во текот на една лактација, даваат просечно околу 2500 литри млеко. Млекото се користи за исхрана на телињата до 4 месечна старост, а потоа се користи за конзумирање.

Јунците шароле, постигнуваат одлични резултати во товењето со зелена маса и концентрат до возраст од 15 до 18 месеци и постигнуваат завршна тежина од 550 до 600 кг, без изразито масен труп. Но, при одгледувањето на чистокрвни, може да се појават потешкотии при телењето, затоа што карлицата недоволно се отвора, во однос на масата на плодот (крупно теле), така што пред триесет години, секое второ телење завршувало со човечка помош. Сепак, под влијание на селекцијата за намалување на масата на телињата, намален е и бројот на тешките телења, иако сеуште, тој број е над просекот, во споредба со другите говедски раси. Поради наведените особини, шароле, денес во светот се користи за вкрстување со други месни раси со помала рамка, но и со млечни раси за подобрување на прирастот.

„Кравите шароле за приплод се користат, во просек 7 години, а за тоа време даваат 4- 5 телиња, а во текот на една лактација даваат околу 2500 литри млеко“.

Кога се во прашање комбинираните раси, посебно се истакнуваат мелезите со сименталска раса, кои во своите товни особини се подобри од чистокрвните сименталски грла.

Во подрачјата со голем број сончеви денови, шароле говедата поради своите светли влакна, може да имаат проблем со кожата, рак на очите или конјуктивит. Животните може да имаат рогови или да бидат генетски безрожни.

Квалитетот на оваа раса е добрата плодност и мајчинската способност на кравите. Тие се долговечни и даваат 10 – 12 телиња во текот на животот.

Во Србија, оваа раса значајно се појавува на крајот на 80 те и почетокот на 90 те години од 20 век. Мал е бројот на стада, каде шароле говедата се чуваат во чиста раса. Едно од местата, каде што можат да се најдат овие карактеристични бели крави е во близина на Бачка Паланка.

Сточарско ветеринарниот центар „Крњача“ е единствениот кој има приплоден бик од шароле расата. Во прашање е бикот Фратело, кој е роден во 2010 година, а во Србија дошол две години подоцна. Тој е и своевидна атракција, поради својот изглед, пред се за учениците и студентите кои го посетуваат овој најстар центар во Србија. Фратело е роден во Австрија, а претставува комбинација од францускиот бик Валсеур и швајцарската мајка Барби.

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close