fbpx
Вести

Словенечките земјоделци имаат искористено 3 милијарди евра европски пари за аграрот

Со влезот на Словенија во Европската Унија  се случува најголемата промена за земјоделците и агросекторот. Нивната дотогашна стратегија која била насочена кон заштитата на домашното производство како и извозните привилегии и субвенции кои ги имале, оддеднаш повеќе не можела да се применува. Тоа довело до намалување на цените на домашните земјоделски производи кои биле повисоки од европските  поради отворениот ЕУ пазар и зголемената конкуренција. Реакцијата на државата во тој случај била повторно во функција на стабилизирање на агросекторот но сега во нови услови.

direktor3

– Во овој период клучна улога одигра актуелната Влада која ги зголеми субвенциите и на тој начин помогна да се одржи стабилност на цените и производството. Ова траеше се до оспособување на земјоделците да конкурираат за фондовите од ЕУ, а администрацијата да ги прилагоди исплатите на директните плаќања. Така сега од 300 милиони евра годишен земјоделски буџет за субвенции, 240 милиони евра се од ЕУ а само 60 милиони евра  од домашниот буџет- вели Директорот на Земјоделската комора на Словенија, Бранко Равник.

lence_baboski

Тој додава дека клучна улога во целиот процес одиграла  советодавната служба со околу 300 вработени случни лица кои  функционираат во рамките на Комората но ги плаќа државата.

-Нашата комора е со задолжително членство, брои 90 000 членови кои годишно плаќаат чланарина од 17 евра. Нашиот годишен буџет е 1.700 000 евра, додека советниците ги плаќа државата. Можам да кажам дека најважната алка во нашиот сектор ја одигруваат токму овие стручњаци. Тие се нашата врска со теренот, тие најдобро умеат да комуницираат со земјоделските производители и преку нив владата ги спроведува сите нови мерки, закони и други процедури потребни за развој на агарот – вели Равник.

znaminja

Земјоделската комора има три главни сегменти-Стручната служба, потоа примарните производители кои најголем дел се здружени во задруги и преку нив делуваат и Рурален развој.

Комората ја следи работата на земјоделските производители и комуницира со Владата преку сугестии, мислења и ставови. Соработката со Владата е потребна и важна.

-Не секогаш нашите барања се исполнуваат но можам да кажам дека имаме добра соработка со владата особено со Платежната агенција како важна институција во користењето на ЕУ фондови. Нашиот однос со нив е партнерски и заеднички постигнавме сите овие години целосно прилагодување на ЕУ мерките – вели Равник.

slovenija4

Што се однесува до вкупното земјоделско производство бројките покажуваат дека по влезот на Словенија во европското семејство и стабилизирањето на агрокомплексот, сега можат да се пофалат со зголемено домашно производство на храна и 3 милијарди евра повлечени пари од ЕУ Евроската Унија.

traktor

-За Македонските земјоделци, според цените кои сега ги имате на земјоделските производи нема потреба од никакво стравување од влезот во ЕУ, напротив цените на производите ќе се покачат, ќе бидат европски, а дополнително се отвара и еден огромен пазар кој ќе биде достапен. Кога на ова ќе се додадат и европските фондови со зголемени субвенции, останува само потреба од добра  стратегија  на Владата за тоа кои производства се стратешки за да се стави акцентот на нив – заклучува Равник.

komora

 


 

brif.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close