fbpx
ВестиТоп вести

Порожанов: Со Европските фондови брзо ќе го развиете земјоделскиот сектор

 

 

 

Македонската делегација составена од директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, посебниот советник за земјоделство на Премиерот, Ленче Николовска, како и советникот на министерот за земјоделство Томе Мојсовски остварија средба со министерот за земјоделство на Бугарија Румен Порожанов.  Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, побара од Порожанов, во наредниот период да се обнови меморандумот за соработка помеѓу Платежните Агенции на двете земји.

 

„Платежните Агенции на Македонија и на Бугарија треба да го обноват меморандунот за соработка. Обновувањето на меморандумот за соработка помеѓу двете Агенции, е од големо значење за секторот земјоделство посебно ако се има предвид отпочнувањето на претпристапниот период на Македонија за приклучување и  членство во Еу. Искуството што го има Бугарија во претпристапните преговори за нас се од огромно значење. Владата на Р. Македонија е силно посветена на унапредување на секторот земјоделство, унапредување на  животот на младите, како и  обезбедување на преспективна иднина за младите земјоделци, но и за сите граѓани на Македонија.“

 

Македонската делегација доби поддршка од домаќинот Порожанов, Македонија да продолжи да го трасира патот кон Европската унија, затоа што како што рече тој, Европската Унија носи развој на земјоделскиот сектор, на производството и на  преработката на земјоделските производи, но, и брз развој на  Руралните подрачја.

 

„Македонски земјоделци вам ви е потребна Европската Унија и фондовите што таа ги нуди. Бугарија е најдобриот пример во регионот за тоа какви придобивки нуди членството во европското семејство.Само лани, за аграрот имавме 1 милјарда и 600 милиони евра средства на располагање. – порача бугарскиот министер за земјоделство Румен Порожанов.

 

Буграскиот министер и порача на македонската делегација дека со Европските фондови брзо ќе се развие агро – секторот. Тој  истакна дека приходот на секој земјоделец од 2007 до 2012 та година, односно од пристапувањето на Бугарија во ЕУ е зголемен за 49% .

 

Зелена берза

Слични написи

Back to top button
Close