fbpx
Вести

Средба Николовски-Лорензо Сера: Шпанскиот пазар отворен за македонските производи

Во земјоделството се воспоставени важни области за соработка, преку тековните проекти за наводнување, поддршка на реформите во потсекторот за тутун, стручни обуки за вработените во #МЗШВ, а следен чекор треба да биде направен во насока на промоција на македонските земјоделско-прехранбени производи на шпанскиот пазар, на кој нема сомнеж, ќе бидат одлично прифатени и за нив ќе има голем интерес.

Особено виното, за кое и покрај големата конкуренција на вина со потекло од Шпанија, овој пазар ќе биде отворен затоа што македонските вина се карактеризираат со врвен квлитет, потоа, ајварот, лутеницата, останатите преработки од зеленчук и други традиционални производи. На оваа и на други теми, денеска разговараа министерот Љупчо Николовски и Амбасадорот на Шпанија, во Република Македонија, Емилијо Лорензо Сера.

Амбасадорот Лорензо Сера, во име на Владата на Шпанија, уште еднаш побара поддршка од Владата на Република Македонија, за кандидатурата на г-дин Пау Рока, за генерален директор на Меѓународната организација за вино ОИВ на претстојаното повторно гласање на Собранието на оваа меѓународна организација, закажано за 19 ти септември, во Париз, Франција.


 

brif

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close