fbpx
Вести

Трговската размена меѓу Македонија и Русија намалена за речиси 10 отсто

 

 

Трговската размена меѓу Македонија и Русија намалена за речиси 10 отсто, во првата половина годинава. Извозот од земјава таму е намален за речиси една четвртина.

Од  бизнисот велат дека главна причина за ваквата состојба не е во времената мерка која пред извесно време ја воведе Руската федерација за дел од македонските земјоделски производи туку неконкурентните цени.

Руските експерти со препорака до македнскте бизнисмени. Освен конкуретсна цена за освојување на рускиот пазар потребна е и добра маркетинг стратегија.

Вкупната трговска размена меѓу двете земји лани изнесувала 200  милиони долари. Се прави напор и годинава  да се постигне оваа цифра. Макеоднија во Русија најмногу извезува земјоделски производи и тутун, а целта е таму да почне да се пласираат и производи со зголемена додадена вредност.

Извор : sitel.com.mk/

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close