fbpx
Вести

Европската комисија за здравје и безбедност ја пофали Македонија за политиките за заштита од болести кај животните

На 06.09 во Брисел се одржа Конференција на тема  „Прекугранични болести кај животните во Европа, – Важноста од меѓународна соработка за одржливо сточарство“, во организација на Европската комисија, на која што присуствуваа министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство на Република Македонија, Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов. На конференцијата, Европската комисија за здравје и безбедност на храна, ја пофали Македонија за политиките за справување со болестите кај животните во 2017 година, но и за мерките кои што ги презема во оваа област АХВ, а кои во најголем дел се усогласени со европските регулативи. Следниот месец ваква конференција ќе се одржи во Македонија.

„Македонија доби уште едно признание дека се движи на вистинскиот пат. Европската комисија за здравје и безбедност на храната ја пофали Македонија за начинот на спроведувањето, заштитата но и применетите политики при појавата на болеста јазлеста кожа во 2017 година. Усогласувањето на законодавството со европските регулативи и спроведувањето на истите се уште еден доказ дека Македонија оди напред. Овде во Брисел со Зоран Атанасов директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство учествуваме во работна група на ЕУ за прекугранична соработка болести кај животните.  Како резултат на успешната работа  следниот работен состанок ќе се одржи во Македонија. Воедно, ќе разговараме за ИПА- програмирањето и искористеноста и достапноста на ИПАРД средствата со акцент  на здравствената заштита кај животните, а со тоа и кај луѓето“, изјави министерот Николовски.

На конференцијата беше презентирана ретроспектива на координираните активности спроведени за контрола на болеста јазлеста кожа во земјите на југоисточна Европа, во периодот 2015-2017 година. Шефот на Европската комисија за здравје и безбедност на храна, Вајтенес Андрикаитис, ја истакна потребата од меѓународна соработка во размената на информации и координирани активности во подготовките за превенција, брзо откривање, справување , сузбивање и искоренување на посебно опасните заразни болести кај животните. Денешната конференција која се одржува во Брисел на највисоко ниво е од особена важност имајќи во предвид дека  интензивното производство и трговија на животни, политичката нестабилност во одредени земји и региони како и климатските промени, доведоа до тоа во Европа и регионот д се појават заразни болести кои се несвојствени за регионот, а предизвикуваат сериозни економски загуби во сточарството и прехранбената индустрија. Класичен пример се појавата на јазлеста кожа кај говедата, африканската чума кај свињите и чумата кај овците и козите. Македонија, веќе има воспоставено систем за  информирање и брзо откривање, односно воведени се мониторинг програми за детекција на овие болести, обуки со одгледувачите и вет друштва издадени прирачници редовни соопштенија до јавноста.

МЗШВ и АХВ интензивно работат на усогласување со ЕУ регулативите од оваа област, а нашето членство во НАТО и ЕУ ќе значи уште поголема сигурност во делот на заштита на здравјето на луѓето и благосостојбата на животните, истакна министерот Николовски.

Во рамки на Конференцијата, министерот Николоски имаше работна средба и со директорот за управување с кризи за храна,животни и растенија при Генералниот директорат на ЕК за здравје и безбедност на храна.


 

mzsv

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close