fbpx
Вести

Распишан оглас за вработување на 13 државни службеници во Министерството за земјоделство

Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 13 државни службеници од група I, подгрупа I во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Се вработуваат:

-советник за управување, обработка и анализа на податоците од регистрите на министерството, Подрачна единица Куманово, Сектор за организација и координација на подрачни единици,

-советник за административна контрола на податоците од регистрите на министерството, Подрачна единица Кавадарци, Сектор за организација и координација на подрачни единици,

-советник за управување, обработка и анализа на податоците од регистрите на министерството, Подрачна единица Гевгелија, Сектор за организација и координација на подрачни единици,

-виш соработник за собирање, класифицирање и административна контрола на податоците од регистрите на министерството, Подрачна единица Пробиштип, Сектор за организација и координација на подрачни единици,

-помлад соработник за оперативна работа во регистрите на министерството, Подрачна единица Валандово, Сектор за организација и координација на подрачни eдиници,

-виш соработник за собирање, класифицирање и административна контрола на податоците од регистрите на министерството, Подрачна единица Гостивар, Сектор за организација и координација на подрачни единици,

-раководител на одделение за регистрација и евиденција на снабдувачи, Сектор за производство, сертификација на семенски и саден материјал, контрола и пост контрола на семенски посеви и насади,

-раководител на одделение за преговори и ЕУ интеграции, Сектор за Европска унија,

-раководител на одделение за управување со земјоделско земјиште, Сектор за регистрирање, управување, унапредување и продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост,

-раководител на подрачна единица Охрид, Сектор за организација и координација на подрачни единици,

-раководител на одделение соработка со мултилатерални донатори, Сектор за меѓународна соработка и

-помлад соработник за административна работа во регистрите на министерството, Подрачна единица Битола, Сектор за организација и координација на подрачни единици.

Платите во зависност од работното место се движат до 25.000 денари.

 


 

emagazin

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close