fbpx
ВестиТоп вести

Со торта  и свечена седница Могила го слави роденденот

 

 

Императив на нашето работење ќе биде домаќинското работење во Општина Могила , рече градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска  на прославата по повод 22 години од формирањето на Општината.

-Од почетокот на мој мандат можеме да кажеме дека успеавме да реализираме неколку проекти; поставување на монтажно училиште во селото Ношпал ,поставување урбана опрема и изградба на три парк места во селата Добрушево, Могила и Дедебалци, реконструкција на водоводни мрежи во селата Дедебалци и Долно Српци. Потоа продолжување на канализационен крак во населно место Могила . За догодина подготвуваме проектна документација  за пречистителна станица и канализација во две села, Добрушево и Ивањевци. Во тек е изградба на четвртата  фаза  од коритото  на реката Шемница, а со средства од Бирото за регионален развој ќе асфалтираме локални улици во населено место Могила, а веќе од утре со средства од Министерство  за  животна средина ќе се прават паркови во Будаково и Мусинци, рече Гулевска.

Градоначалничката , заедно со претседателот на Совет, Александар  Јанкуловски, советници и вработените од општина Могила, вработени во ЈКП „Пела Хигиена“ и претседателите на месните заедници како и пензионерското друшво од општината положија  свежо цвеќе на спомениците Димче Могилчето, Захарија Шумљанска, Парашкев Цветков и Иљо Лопатички.

 

-Општина Могила денеска слави 22 години од своето постоење. Како градоначалник на Општина Могила, морам да кажам дека нашата општина по 22 години од основањето е многу поблиску до европските стандарди, рече Гулевска.

 

Со заеднички сили и труд на сите ученици во Советот  на Општина Могила  придонесуваме кон развојот и напредокот на нашата општина, рече претседателот на Совет, Јанкуловски.

 

-Денес сме горди што ја славиме 22 годишнината од основањето на Општина Могила. Морам да го споменам Советот на Општина Могила, иако го сочинуваат повеќе членови на повеќе политички партии и независни советници , сепак кога се работи за интересот на граѓаните знаат да донесат едногласни одлуки. Се надевам во иднина како Совет заедно со градоначалничката и општинска администрација ќе донесеме успешни проекти и ќе ги реализираме во интерес на сите граѓани, рече Јанкуловски.

Општина Могила е формирана на 12.09.1996 година, со донесување на Законот за територијална поделба на Република Македонија.

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close