fbpx
Вести

Во Велес и Велешко голем интерес за владините мерки за поддршка на земјоделците

Агенцијата за поттикнување на земјоделството во Велес информира дека во поширокиот велешки регион околу сто земјоделци се пријавиле за владината мерка 50 : 50 за набавка на механизација во земјоделството.
Како што информира за МИА, Тони Тасков, од Агенцијата, од година во година земјоделците од поширокиот велешки регион  пројавуваат се’ поголем интерес за оваа владина програма, преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, а за која пријавувањето заврши на 20 феврури.
vo veles i veleshko golem interes za vladinite merki za poddrshka na zemjodelcite
– Со оваа програма во многу им се олеснува на земјоделците за осовременување и обнова на земјоделскиот парк со нови трактори и друга приклучна механизација, а со што им се овозможува да го зголемат своето производство. Преку оваа мерка на Владата за помош  на земјоделците, им се враќаат 50 отсто од парите кои ги потрошиле за набавка на нова механизација, информира Тасков.
Тој  информира дека за владината мерка за млади земјоделци, наменета за млади од 18 до 40 години, а кои сакаат да отпочнат бизнис во земјоделието со своја идеја и план, Владата и  годинава преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, ќе  додели милион евра на сто земјоделци од земјава, кои ќе добијат по 10 илјади евра неповрани средства. За оваа владина мерка од велешкиот поширок регион досега интерес пријавиле 25 лица, а повикот трае до 3 март.
Во Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството во Велес, во тек е пријавувањето на пчеларите за осовременување на своето производство на мед односно набавка на сандаци, на матици и сета неопходна опрема. Повикот за оваа Владина мерка за пчеларите ќе трае до 10 март годинава, информира Тасков.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close